23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов голем скандал во Челси

Нов голем скандал во Челси

Неверојатни работи се случуваат во Челси оваа година. Откако Томас Тухел доби отказ поради чудни околности, конечно на „Стемфорд бриџ“ малку се смири. Сепак, медиумите на Островот открија нов скандал, а главната улога ја има човек кој во клубот пристигнал пред неполн месец.

Станува збор за комерцијалниот директор кој по неполн месец поминат во клубот доби отказ поради испраќање недолични пораки со сексуална содржина кон своите соработнички.

Неговото име е Демијан Вилоби, а отказот што го доби беше ефективен веднаш, без можност за каква било дискусија.

Според медиумите од Англија, управата на клубот дошла во посед на пораките испратени од Вилоби, и веднаш го разрешила.

„Жртва“ на неговите пораки беше неговата колешка во Челси задолжена за финансии, а се вика Каталина Ким.

„Доказите што ги добивме се јасни, а во последните неколку дена беше спроведена брза истрага за се што се случи. Не сакаме да толерираме вакво однесување и веруваме дека е невозможно да се толерира“, објавија накратко од Челси.

Таа се пожали на првите луѓе во клубот, а на крајот сè стигна до претседателот на клубот кој ги погледна пораките и му го предаде отказното решение на Вилоби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП