13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто значи делумна мобилизација која ја прогласи Путин? Кремљ го објави декретот

Што значи делумна мобилизација која ја прогласи Путин? Кремљ го објави декретот

Путин, кој ѝ се обрати на нацијата во средата наутро, на почетокот на својот говор рече дека Западот „сака да ја уништи нашата земја“ и дека „се работи за одбрана на Русија и територијата на Донбас“.

Тој рече дека Русија го поддржува тоа население и нема право да го напушти.

Што е делумна воена мобилизација?

Делумна воена мобилизација е термин кој се користи практично насекаде низ светот, но може да се разликува од земја до земја во некои аспекти.

Во случајот со Русија, исто како што рече Путин, делумната воена мобилизација значи дека резервистите ќе бидат повикани во армијата. И тој процес започнува веднаш.

Во Русија, воената служба се уште е официјално задолжителна и трае 12 месеци. Тоа е задолжително за сите машки жители на возраст меѓу 18 и 27 години. Избегнувањето на воениот рок се казнува со затвор до две години. Сепак, постојат различни начини легално да се избегне воената служба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП