2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефот на Арамко: Планот на ЕУ не е долгорочно решение

Шефот на Арамко: Планот на ЕУ не е долгорочно решение

Извршниот директор на Арамко, Амин Насер, денеска изјави дека планот на ЕУ за ограничување на цените и оданочување на енергетските компании нема да помогне долгорочно да се елиминира кризата.

„Замрзнувањето или ограничувањето на цените на енергенсите може да им помогне на потрошувачите на краток рок, но тоа не ги решава вистинските причини за кризата и не е долгорочно решение“, рече Насер на форумот во Швајцарија.

„И оданочувањето на компаниите од кои очекувате да го зголемат производството секако не е корисно“, додаде тој.

Извршниот директор на Арамко, исто така, инсистираше на тоа дека војната во Украина не е единствената причина за енергетската криза и предупреди дека „дури и ако тој конфликт заврши денес“, кризата нема да биде завршена.

Тој нагласи дека уште една причина за кризата е недоволното инвестирање во јаглеводороди, додека алтернативите за фосилните горива се уште не се доволно достапни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП