26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку најголемите компании во светот ги плаќаат своите вработени?

Колку најголемите компании во светот ги плаќаат своите вработени?

Со растечка економија и затегнат пазар на труд, просечната плата се зголеми минатата година во повеќето компании од S&P 500, според анализата на WSJ, пишува Телеграф.

Во таа смисла, најмногу се истакнаа Alfabet (мајката на Google) и Facebook (Meta), кои давале медијална плата од речиси 300.000 долари.

Тие беа и меѓу речиси 150 компании кои рекоа дека нивниот „просечен вработен“ заработува повеќе од 100.000 долари годишно.

Најслабо платени работници биле од добавувачот на автоделови Aptiv, чиј работник со полно работно време во фабрика во Мексико минатата година заработил помалку од 7.500 долари.

Aptiv е една од 44-те компании кои пријавиле дека им плаќале на работниците помалку од 30.000 долари. Се на се, просечната плата лани пораснала во 278 од 453 фирми.

Можеби е изненадување, но Tesla ја намали својата просечна плата – во споредба со 2020 година – за 12 проценти. Просечната заработка во Тесла беше 40.723 долари во 2021 година, а во Беркшир Хатавеј 58.881 долари, што е пад од 14% во однос на 2020 година.

Activision Blizzard ги зголеми платите во споредба со претходната година (за 18%) и сега изнесува 117.207 долари. Nvidia ја зголеми просечната плата за само 1 процент, на 217.542 долари, а Exxon Mobil за три проценти – на 189.082 долари.

„United Airlines Holdings“ го подигна нивото на плати за цели 23 отсто, што веројатно не е чудно бидејќи во воздухопловниот сектор има голем недостиг на работна сила, а неопходно е да се привлечат работници. Во 2021 година просечната плата во оваа компанија била 78.245 долари.

Mastercard, на пример, ја намали просечната плата за три отсто, на 128.154 долари, додека фармацевтската компанија Moderna ја намали платата за 16%. Секако, заработката во МModerna останува меѓу највисоките кога зборуваме за компаниите од S&P 500, која изнесува 133.074 долари.

Познати компании кои исто така ја зголемија платата минатата година се Ebay, Waste Management, IPG Photonics Corp, Etsy, Equifax, Edwards Lifesciences.

Компанијата Edwards Lifesciences ја зголеми својата просечна заработка за неверојатни 41 отсто, на 73.036 долари, а треба да се напомене дека работи во областа на здравствена опрема и услуги. Таа гранка дефинитивно доживеа бум од избувнувањето на пандемијата Ковид-19. Дополнително, Air Products & Chemicals, која се занимава со материјали, го зголемиплатите за 34%.

Врз основа на анализата презентирана од WSJ, можеме да заклучиме дека платите најмногу пораснале минатата година во 3 категории: Медицинска опрема и услуги од областа на здравството, материјали и снабдување и технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП