3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТНАТО, Вашингтон и Берлин го осудија руското организирање на референдумот во Украина

НАТО, Вашингтон и Берлин го осудија руското организирање на референдумот во Украина

НАТО, Белата куќа и германските власти денеска ја осудија намерата на Русија да организира референдум за анексија во четири региони на Украина.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека најавените референдуми немаат легитимитет и дека тоа претставува „нова ескалација на војната“ на рускиот претседател Владимир Путин во Украина.

„Тие лажни референдуми немаат легитимитет и не ја менуваат природата на руската агресивна војна против Украина. Меѓународната заедница мора да го осуди ова флагрантно кршење на меѓународното право и да ја зајакне својата поддршка за Украина“, напиша Столтенберг на Твитер.

Белата куќа објави дека „Русија набрзина организира лажни референдуми“.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека САД нема да ги признаат референдумите за припојување на делови од Украина кон Русија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц оцени дека организирањето на „фиктивни“ референдуми е неприфатливо.

Сепаратистичките власти на регионот на Украина, под контрола на Русија, денеска најавија дека на крајот на септември ќе одржат референдуми за приклучување кон Русија. Референдумот беше објавен во Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП