16 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПоскапуваат апликациите на iPhone: Одлуката важи и за Европа

Поскапуваат апликациите на iPhone: Одлуката важи и за Европа

Apple ги извести своите корисници дека од следниот месец ќе ги покачи цените на апликациите во својата дигитална продавница „App Store“ во неколку земји.

Зголемувањето на цената се однесува на сите земји кои го користат еврото како официјална валута, но и за Полска, Шведска, Чиле, Египет, Јужна Кореја, Јапонија и Малезија и други. Скокот на цените во Европа се очекува да биде околу 10 отсто, во Јужна Кореја околу 25 отсто, додека во Јапонија порастот на цените ќе биде меѓу 30 и 35 отсто.

Ројтерс вели дека новите цени ќе стапат на сила на 5 октомври и дека поскапувањето нема да важи за претплатите.

App Store наводно е еден од главните извори на приходи на Apple. Во јуни, компанијата пријави приходи од услуги кои ги надминаа проценките.

Овие промени, исто така, ќе ги одразуваат новите регулативи за Apple во Виетнам за собирање и плаќање на применливи даноци, како што се данокот на додадена вредност (ДДВ) и данокот на добивка (CIT) по стапки од 5 проценти, додаде компанијата.

На почетокот на месецот Apple ја претстави новата серија iPhone 14, во четири верзии. Беше објавен и новиот iOS 16.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП