28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГенералниот секретар на ОН предупредува дека светот е во голема опасност

Генералниот секретар на ОН предупредува дека светот е во голема опасност

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека светот е во „голема опасност“ пред денешната редовна седница на Генералното собрание на ОН, пренесува АП.

Светските лидери ќе се соберат во Њујорк за прв пат во живо по тригодишна пауза поради пандемијата на Ковид-19 за да разговараат за глобалните прашања како што се климатските промени, растечката сиромаштија, нееднаквоста и војната во Украина.

Во говорот пред отворањето на дебатата во вторник, Гутереш нагласи дека е неопходно веднаш да се дејствува за да се спаси планетата „која буквално гори“ и дека е неопходно да се бориме со пандемијата на Ковид.

Тој нагласи и дека земјите во развој се во најтешката криза во изминатите 25 години кога станува збор за финансирањето и дека состојбата во областа на образованието, здравството, правата на жените се влошува…

Генералното собрание на ОН, 77-мо по ред, ќе се одржи во сенка на војната во Украина, најлошиот конфликт во Европа од Втората светска војна, кој исто така предизвика кризи со храна и енергија, јавува Гласот на Америка.

На состанокот во понеделникот беа промовирани глобалните цели на ОН за 2030 година – ставање крај на екстремната сиромаштија, обезбедување квалитетно образование за сите деца и воспоставување родова еднаквост.

Шефот на ОН рече дека некои точки на агендата, како што се образованието, работните места и еднаквоста на жените и децата, пристапот до здравствена заштита и климатските промени – не можат да чекаат. Тој ги повика државите и приватните инвеститори да инвестираат во него.

Годинава на Генералното собрание на ОН во живо ќе зборуваат претставници на 193 земји, со еден исклучок – претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе зборува преку однапред снимена порака.

Дебатата ќе ја отвори Бразил, кој тоа го прави веќе седум децении, а вториот говорник најчесто е американскиот претседател.

Но, бидејќи Џо Бајден присуствуваше на погребот на британската кралица Елизабета Втора во понеделникот, неговиот говор беше преместен за среда, а вториот говорник ќе биде претседателот на Сенегал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП