13 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТактики за одлична соработка

Тактики за одлична соработка

sorabotka1

Способноста успешно да соработувате може да биде еднa од најголемите средства во бизнисот.

Тоа им овозможува на некои луѓе да најдат неверојатни можности, додека другите гледаат само од страна.

Ефективнaта соработка не е резултат на среќа, тaа бара напорна работа и истрајност. Што е потребно за супер соработка? Еве седум од најважните тактики кои треба да се развијат:

1. Прашувајте остроумни прашања. Пред да присуствувате на настани, најдете ги имињата на луѓето кои се очекува да присуствуваат и пребарајте ги сајтовите на социјалните медиуми за да дознаете кои теми најмногу ги интересираат. За луѓе кои се веќе во вашата област не претпоставувајте дека знаат се. Дознајте што тие моментално работат, или можеби со што се борат. Ова внимание со детали може да оди подалеку со вашиот следен состанок.

2. Додајте вредност. Една од најмоќните практики на соработка е да обезбедите напосредна вредност за нова врска. Ова значи дека кога ќе идентификувате начин да помогнете некому, треба да го сторите тоа. Пример, знаете некој од вашата област кој може да помогне во врска со некој проблем, оставете се на страна и поврзете ги двете индивидуи.

3. Научете ја нивната приказна. Прашајте ги успешните претприемачи да ви кажат како стигнале таму каде што се. Слушањето на овие приказни може многу да ви каже за пристапот на лицето кон бизнисот. Колку повеќе го разбирате менталитетот на вашиот партнер толку повеќе ќе можете да додадете екстра вредност на вашиот однос.

Пример, некои претприемачи се гордеат со работа од 16 саати на ден, додека други се фокусираат стратешки и ја чекаат правата можност да се отворат. Со овие заклучоци не само што можете да видите што луѓето вреднуваат, туку и какво може да биде работењето со нив.

4. Споделете незаборавни факти. Кога некој ќе ве праша што правите, не давајте конзервиран одговор за вашата компанија и кариера. Споменете нешто лично што дефинира кои навистина сте. Можеби имате страст кон некој инструмент или опсесија со колекционирање. Такви лични контакти можат да помогнат да се подигне расположението и да се поттикнат луѓето да зборуваат.

5. Чувајте список. Која е вашата рутина после присуство на одреден настан или состанок? Ако одговорот е “си одам дома”, многу веројатно е дека пропуштате можности. Запишете ги важните теми за кои сте разговарале. Оваа навика може да помогне во спречување на можноста од паѓање низ пукнатините и да ви даде нешто на кое ќе се повикате во разговорот за следниот состанок. Исто така можете да развиете репутација како некој кој е на врвот на работите.

6. Направете мали ветувања и исполнете ги. Без разлика колку мало ветување сте направиле, како испраќање на е-мејл или повратен телефонски разговор, одржувањето на ветувањето го одразува вашиот карактер. Стоејќи си на зборот, ќе почнете да градите репутација на доверлива личност, а тоа го посакуваат соработниците.

7. Наградете ги вашите моќни контакти. Чувајте листа на вашите топ 5-10 партнери и правете нешто секоја недела за да додадете вредност на нечиј живот или бизнис. Можете да им испратите книга или да договорите ручек и да ги запознаете со другите ваши контакти. Оваа навика може да ви помогне да бидете поактивни и да останете во контакт со вашите најмоќни контакти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП