24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСѐ повеќе деца во Германија живеат во ризик од сиромаштија

Сѐ повеќе деца во Германија живеат во ризик од сиромаштија

Германските медими пренесуваат дека сѐ повеќе деца во Германија се во ризик од сиромаштија, наведувајќи дека овој процент во 2021-ва година бил 20,8.

„Во 2021-ва година, 20,8 отсто од малолетниците во Германија живееле во семејства погодени од сиромаштија“, објавија медиумите повикувајќи се на информации објавени од германската влада на барање на партијата Левица.

Според сегашните статистики, семејството со помалку од 60 отсто од просечниот приход се смета за сиромашно. За четиричлено семејство оваа граница во Германија е 2.904 евра месечно.

Процентот на малолетници кои живеат во ризик од сиромаштија е зголемен од 19,7 на 20,8 отсто од почетокот на мерењето на оваа вредност во 2015-та година.

Заострување на финансиската состојба

Претседателот на репрезентативниот клуб на партијата Левица, Дитмар Барч, предупреди во дневниот весник „Augsburger Allgemeine“ на можноста за дополнително заострување на финансиската состојба на семејствата со деца.

„Поради инфлацијата и брзото зголемување на цените на енергијата, расте опасноста од зголемување на бројот на деца кои живеат во сиромаштија“, вели Барч.

Тој побара од германската влада, покрај стандардните мерки за финансиска поддршка за граѓаните, да воведе посебен механизам кој ќе ги заштити децата од сиромаштијата поради инфлацијата и поскапувањето на енергенсите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП