25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Dacia“ врти нов лист и го претстави „Manifesto“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Dacia“ врти нов лист и го претстави „Manifesto“ (ФОТО/ВИДЕО)

Атрактивниот концепт најавува некои нови случувања во бизнисот на романскиот производител.

„Manifesto“, концептниот автомобил претставен од „Dacia“, всушност е „лабораторија“ за тестирање на иновативни решенија, од кои некои ќе најдат место во сериските модели.

Овој концепт не најавува посебен модел, како што често се случува, туку само покажува како авантуристичкиот дух на возачот може да се задоволи на наједноставен можен начин, притоа задржувајќи го еколошкиот аспект во фокусот.

Овде, патниците се буквално во директен контакт со околината, бидејќи „Manifesto“ нема врати, прозорци или ветробранско стакло.

Капакот на багажникот е работна плоча, додека комуникацијата со цивилизацијата се врши преку системот „Bring-Your-Own-Device“, кој веќе е комерцијализиран и прифатен од бројни клиенти.

Дополнително, „YouClip“ е додаток кој нуди едноставен начин за безбедно прикачување низа практична и модуларна опрема.

Од компанијата „Dacia“ велат дека тие ќе се вградуваат во сериските модели, бидејќи веќе почнале да се нудат модуларни носачи на покривот.

Сепак, ова не важи за предното светло, кое може да се откачи и да се користи како моќна рачна светилка.

Автомобилот е претежно направен од рециклиран „Starkle“ материјал, внатрешноста е направена од природни материјали како плута, а гумите се „без воздух“, па затоа се долготрајни и практично неуништливи.

Покрај тоа, „Manifesto“ е вистински „SUV“. Има погон на 4 тркала, висок под, додека целата внатрешност е водоотпорна. Со други зборови, по еден ден тркалање во калта, овој автомобил се чисти со млаз вода внатре и надвор.

А кога станува збор за „Dacia“, некои новости се веќе тука.

Новото лого, новиот изглед на продажните салони, новиот дизајн и новите бои ќе го направат овој бренд уште поатрактивен, објави романската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП