20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПотресно сведоштво на Погба: Ме киднапираа, па ги вперија пиштолите во мене

Потресно сведоштво на Погба: Ме киднапираа, па ги вперија пиштолите во мене

Сабота, 19.март 2022 година, од обичен се претвори во најлошиот ден во животот на фудбалската ѕвезда, Пол Погба. Во вечерните часови членови на криминална група во која бил и неговиот брат Матијас, со смртни закани, тие се обиделе да изнудат 13 милиони евра. Париската полиција пред неколку дена го уапси и приведе Матијас Погба, заедно со уште четворица членови на бандата, а сега во медиумите протекуваат детали од сведочењето на ѕвездата на Јувентус.

Нив ги објави „Ле Монд“, кој пишува дека обидот за изнуда се случил за време на собир на француската репрезентација во Клерфонтен-ан-Ивелин. Погба потоа се нашол со пријател од детството во блискиот град, а кога се враќал во хотелот околу полноќ, бил пресретнат од тројца мажи, негови роднини и одведен во стан во Шантел-ан-Бри.

„Таму прво ме принудија да го исклучам мобилниот телефон, а потоа ми го одзедоа. Тогаш се појавија двајца мажи со качулки, носеа панцири и беа тешко вооружени. Еден од нив, Рушдан К., ми рече дека треба да му платам 13 милиони евра, од кои три милиони веднаш во кеш, ако сакам да ми обезбедат заштита во следните години“, им рекол Погба на истражителите на Централната канцеларија за борба против организираниот криминал.

Тој дополнил дека во тие моменти се плашел за својот живот.

„Двајцата ги вперија пиштолите кон мене. Соочен со заканата, им реков дека ќе платам.“

Претходно беше соопштено дека напаѓачите биле вооружени и со автоматски пушки. Адвокатот на Матијас Погба изјави дека неговиот клиент е невин и дека ќе се жали на одлуката за притвор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП