24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ дизелот поевтинува за 3 денари, цената на бензините останува иста

Од полноќ дизелот поевтинува за 3 денари, цената на бензините останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,38 процент во однос на одлуката од 16 септември.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 3,00 денари/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,082 денар/кг и сега ќе изнесува 50,391 денари/кг.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат.

Од 20.9.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 84,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 87,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 92,00 (денара/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1)“ – 89,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 50,391 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 1,807 %, кај дизелот намалување од 3,978 %, кај екстра-лесното масло намалување од 2,120 % и кај мазутот намалување од 0,908 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,218 %.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 20.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП