27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕлектрификацијата полека станува еден од приоритетите и за авиокомпаниите

Електрификацијата полека станува еден од приоритетите и за авиокомпаниите

Канадската авиокомпанија сака да биде лидер во електрификацијата, па тие нарачале 30 електрични авиони од Heart Aerospace.

Покрај тоа што на патиштата сè почесто можеме да видиме возила со електромотори, наскоро би можеле да ги видиме се повеќе и повеќе во воздухот. Електрификацијата зема замав во последните години, а автомобилските компании се подготвуваат за иднината во која се чини дека нема место за возила со мотори со внатрешно согорување.

Со натамошниот напредок на технологијата, се чини дека може да очекуваме слично сценарио и во воздухопловната индустрија, само што тој „филм“ ќе се одвива многу побавно.

Една од компаниите која веќе се подготвува за таква иднина е „Ер Канада“, која нарача 30 електрични авиони ЕС-30 од шведската компанија „Харт аероспејс“. Исто така, тие се стекнаа и со помал удел во оваа компанија.

Иако авионите се нарачани, ќе помине уште некое време додека да станат дел од флотата на Ер Канада. Имено, во моментов се планира авионот да влезе во услуга на компанијата дури во 2028 година.

Во ЕС-30 има место за 30 патници, а неговиот домет при летање само со електричен погон е околу 200 километри, а со употреба на генератор досегот може да се зголеми на околу 400 километри. Со таков домет, јасно е дека овие авиони не се наменети за некои подолги летови, но би можеле да бидат идеални за летови на помали растојанија.

Претседателот и извршен директор на компанијата Мајкл Русо, коментираше дека Ер Канада зазема водечка позиција во индустријата во борбата против климатските промени и нарачката на електрични авиони е чекор напред кон нивната цел за климатска неутралност до 2050 година. Исто така, со цел да го намали својот јаглероден отпечаток, оваа компанија развива одржливи воздухопловни горива и систем за зафаќање јаглерод за да ги намали емисиите на јаглерод диоксид.

„Ер Канада“ не е првата северноамериканска компанија која нарачала електрични авиони од „Харт Аероспејс“, а минатата година „Јунајтед ерлајнс“ нарачала дури 200 авиони ЕС-19, кои имаат место за 19 патници и треба да почнат да превезуваат патници малку порано, односно од 2026 година. Интерес за авионите на оваа компанија пројавија и други авиокомпании, од Скандинавија до Нов Зеланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП