3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПензиските друштва најавуваат нови „пензиски паркови“

Пензиските друштва најавуваат нови „пензиски паркови“

Трите пензиски друштва, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво а.д. Скопје, најавуваат нови садења во дворовите на средните училишта во рамки на кампањата „Засади желба за поубава иднина“.

По 6-годишните кампањи насочени кон едукација и информирање на населението за придобивките од членувањето во задолжителниот и доброволниот пензиски фонд, во октомври минатата година тие ја започнаа оваа кампања со подлабока и подолгорочна цел – креирање на „Пензиски паркови“ чија симболика има за цел да ја заживее грижата за иднината. 

„Оваа година се насочивме кон активирање на промени за еколошки и социјални цели, за да ги поттикнеме, мотивираме и инспирираме младите генерации, со цел заеднички да поставиме нови стандарди за подобра и поквалитетна средина за живеење. Нашата желба е овие напори да вродат со плод на една убава традиција која сите ќе ја негуваме. Среќни сме што за релативно кратко време успеавме да ја прошириме листата на „Пензиски паркови“ за која веруваме дека само ќе продолжи да расте.“ – изјавија претставниците на пензиските друштва.

Досега во рамки на кампањата беа засадени 6 зелени паркови во 6 средни училишта во Скопје, Охрид, Струмица и Свети Николе, а денес пензиските друштва најавија креирање на нови паркови.

Во садењата, покрај учениците, учествуваат и претставници од пензиските друштва, чија цел е преку сопствен пример да ги мотивираат младите да станат активни учесници во грижата за животната средина и за својата иднина.

„Кампањата „Засади желба за поубава иднина“ е насочена и кон широката јавност, со цел да се обезбедат што е можно повеќе индивидуални позитивни примери преку кои целото општество ќе се доближи до поубава иднина кон која се стремиме сите, затоа што симболиката на оваа кампања е токму во уделот што крајните корисници го имаат во планирање на сопствениот живот и иднина.“ – истакнаа од пензиските друштва.

Сите информации и активности поврзани со кампањата „Засади желба, за поубава иднина“ се достапни на веб страната www.penzija.mk    Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП