19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа едно германско семејство веќе не се доволни 3.600 евра плата

За едно германско семејство веќе не се доволни 3.600 евра плата

Германските банки предвидуваат мрачен развој за германските домаќинства во наредните месеци, со оглед на скокот на цените на енергијата и храната.

Според нивната пресметка, 3.600 евра нето месечно веќе не се доволни за едно домаќинство, но медиумите кои известуваат не наведуваат колку членови има во тоа домаќинство, пренесува магазинот „Феникс“.

Според пресметките на банкарската групација, 60 отсто од домаќинствата веќе го трошат целиот свој месечен приход и дел од заштедите само за покривање на животните трошоци. Ова го соопшти во вторникот на прес-конференција претседателот на Здружението на германските штедилници и Џиро банки, Хелмут Шлевис.

Сегашната проценка на состојбата на повеќе од 300.000 правни лица покажа дека на домаќинствата кои нето заработуваат помалку од 3.600 евра месечно, со оглед на моменталната состојба, на крајот на месецот не им остануваат пари.

Шлевис итно ја советуваше федералната влада да ги земе предвид тие групи на приходи во пакетите за помош што доаѓаат наскоро. Впрочем, воздржаното однесување на потрошувачите ќе има негативно влијание врз продажбата на мало и општата економија во оваа земја.

Според Шлевис, не само приватните домаќинства, туку и бизнисите можат да ги достигнат своите егзистенцијални граници поради инфлацијата и високите цени на енергијата. Банките затоа апелираат да се ограничат цените на енергијата. Домаќинствата и бизнисите, исто така, би морале да го направат својот дел и да заштедат најмалку 20 проценти од енергијата и да се потпираат се повеќе на обновливите извори на енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП