26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМерките за штедење ги осиромашија Европејците

Мерките за штедење ги осиромашија Европејците

Spain Financial Crisis Evictions

Поради мерките за штедење, во ЕУ во 2025 година би можело да има 25 милиони сиромашни граѓани, проценува меѓународната организација Оксфам.

Оваа меѓународна организација во извештајот објавен непосредно пред состанокот на министерите на ЕУ, истакнува дека мерките за штедење кои следеа по спасувањето на банките предизвикаа продлабочување на сиромаштијата и нееднаквоста, пренесува Франс прес.

Само 10 проценти од најбогатите граѓани на ЕУ имаа корист од овие мерки за штедење бидејќи нивното богатство во меѓувреме се зголемило.

Оваа ситуација особено е изразена во Белгија, односно во периодот од 1990 до 2009 година, уделот на приходите од најсиромашните во вкупните нето приходи е намален од 11,2 на 8,3 проценти, додека уделот на најбогатите е зголемен од 27,3 на 31,9 проценти.

Стапката на невработеност во Белгија во март оваа година достигна 8,2 проценти, што е зголемување од шест проценти на годишно ниво. Посебно загрижува стапката на невработеност меѓу младите која достигна 22,4 проценти, што е повеќе за 11,2 проценти во споредба со претходната година.

На 21 процент од Белгијците им се заканува сиромаштијата, се наведува во извештајот.

„Ги повикуваме државите членки на ЕУ да застанат во одбрана на новиот економски и социјален систем кој инвестира во човечките ресурси, ја унапредува демократијата и спроведува рамноправна фискална политика“, се вели во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП