19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБајден: Пандемијата во САД е завршена

Бајден: Пандемијата во САД е завршена

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пандемијата на коронавирус во Соединетите држави е завршена, иако земјата се уште се бори со инфекцијата која убива стотици Американци секој ден.

„Пандемијата е завршена“, рече Бајден во интервју за CBS, каде што беше гостин на саемот за автомобили во Детроит, настан кој собира илјадници посетители.

„Сè уште имаме проблем со Ковид. Имаме уште многу работа, но пандемијата е завршена. Ако забележите, никој не носи маска. Се чини дека сите се во прилично добра форма“, рече Бајден.

Влијанието на пандемијата на коронавирус значително се намали од почетокот на мандатот на Бајден, кога повеќе од 3.000 Американци умираа дневно, бидејќи грижата се подобри и лековите и вакцините станаа подостапни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП