3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуска студија: Европската економија нема да може да ја преживее зимата без...

Руска студија: Европската економија нема да може да ја преживее зимата без испорака на гас од Русија

Европската економија нема да може да ја преживее претстојната зима без испораки на руски гас, се наведува во студијата на консултантската компанија „Јаков и партнери“.

– Декларираната амбиција за намалување на зависноста на Европа од гас од Русија е невозможна без масовно прекинување на производството, се наведува во соопштението, а пренесува „РИА Новости“.

Според компанијата, за да се задоволи побарувачката за гас до крајот на 2022 година, европските земји ќе мора да го одржат снабдувањето со гас од Русија или да ја намалат неговата потрошувачка за 7-12 милијарди кубни метри, што е можно само со целосно или делумно исклучување на голем број индустрии.

Во Европа веќе е стопиран 70 отсто од капацитетот за производство на азотни ѓубрива, производството на алуминиум е намалено за 25 отсто, додека производството на челик е намалено за 5 отсто, се наведува во студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП