25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТренд кој започна со пандемијата: Вработените ширум светот сакаат да работат од...

Тренд кој започна со пандемијата: Вработените ширум светот сакаат да работат од дома

Според истражувањето спроведено од германскиот институт за економски истражувања Ifo, вработените во просек работеле од дома еден и пол ден во неделата. Беа опфатени 27 земји и работници од сите индустрии.

Моделот работа од дома доби на интензитет по избувнувањето на пандемијата на коронавирус пред две и пол години.

Во САД, просекот на работа од дома е 1,6 дена, во Германија 1,4, во Франција 1,3, а во Јапонија 1,1, според Ifo.

Никогаш порано настан како пандемијата на коронавирус толку сеопфатно не ги променил животите на вработените за толку кратко време, коментира Матијас Долс, истражувач на Ifo.

Германскиот научник работел со колеги од пет други истражувачки институции во САД, Велика Британија и Мексико, вклучувајќи ги и универзитетите Стенфорд и Принстон.

Долс забележа дека резултатите даваат просечна вредност и вклучуваат некои индустрии каде што воопшто не е возможно да се работи од дома.

Истражувањето го спроведе британскиот институт за истражување на пазарот Respondi.

Резултатите се базираат на вкупно околу 36.000 прашалници, а истражувањето е спроведено во два круга во летото 2021 година и во јануари/февруари оваа година.

Истражувањето откри уште една работа што ја имаат работниците во сите држави – вработените повеќе сакаат да работат од дома отколку нивните шефови.

Во просек, во сите 27 земји, 36.000 испитаници би сакале да работат дома во просек 1,7 дена неделно.

Компаниите, пак, би сакале почесто да ги гледаат своите вработени во канцеларија. Во просек, тие планираат или сакаат нивните вработени да работат од дома само 0,7 дена во неделата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП