23 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P: Словенечките банки се слаби како казахстанските

S&P: Словенечките банки се слаби како казахстанските

p

Аналитичарот на „Standard & Poor`s“ Пјер Готје вели дека словенечката централна банка со одлуката за ликвидација на две банки покажала одлучност да ја реши банкарската криза. Словенечкиот банкарски систем според мислењето на „Standard & Poor`s“ е во лоша состојба, слично како и банкарскиот систем во Казахстан.

– Проблемот во Словенија се државните банки кои претставуваат речиси половина од вкупната актива, оценува Готје.

Помалку проблематични се приватните банки, со исклучок на две многу мали банки. Во „Standard & Poor`s“ предвидуваат дека Словенија, но и останатите источноевропски држави, според потребите ќе им понудат помош на своите системски важни банки.

Банките во Чешка и Словачка, според мислењето на „Standard & Poor`s“, не се далеку од австриските, француските и холандските.

– Тие се стабилни и во наредните две години не треба да се очекуваат промени, изјави Готје.

Полските банки според тежината на проблемите кои ги имаат се сместени на средина на листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар