СВЕТ

Силен земјотрес во Тајван – урната е зграда и мост, мајка и петгодишно дете под урнатините(ВИДЕО)

Повеќе камери го забележале силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди Тајван. Во земјотресот се урна мост и трикатница во која се наоѓало едно семејство.

https://twitter.com/COSMOSTianRen/status/1571400864878706688

Постар брачен пар е извлечен од урнатините на зградата, а спасувачите се уште трагаат по мајката и нејзината петгодишна ќерка, кои се под урнатините.

Моментот на земјотресот е фатен на камера, а на снимката направена по земјотресот се гледаат шокантни сцени од луѓе кои трчаат на безбедно, додека околу нив има урнатини.

Зградите во Тајпеј, главниот град на Тајван, денеска повторно накратко се нишаа додека островот го погоди уште еден земјотрес. Тајван се справува со афтершокови по два силни земјотреси за два дена, од кои најсилниот денеска.

https://twitter.com/FishNewsChannel/status/1571400455359438848

Американскиот центар за предупредување од цунами во Пацификот издаде предупредување за Тајван по земјотресот, но подоцна го повлече предупредувањето.

Тајванската метеоролошка служба соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во округот Таитунг и следел по синоќешниот земјотрес со јачина од 6,4 степени во истата област, кој не предизвикал жртви.