24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндиец го престигна Безос и стана втор најбогат човек во светот

Индиец го престигна Безос и стана втор најбогат човек во светот

Џеф Безос штотуку го загуби статусот на втор најбогат човек во светот – падна на третото место, додека индискиот бизнис магнат Гаутам Адани забрзано се искачува на рангирањето на индексот на милијардери на Блумберг.

Илон Маск и понатаму е најбогатиот човек на светот со 260 милијарди долари.

На Адани му требаа помалку од 10 месеци за да стигне до второто место откако годината ја започна на 14-то место.

Ова е прв пат Азиец да се рангира толку високо на листата на Блумберг, на која долго време доминираат западните технолошки претприемачи.

Богатството на Адани од 146,9 милијарди долари е главно поврзано со имотот на неговиот распространет конгломерат Адани Груп.

Групата управува со низа бизниси, вклучувајќи пристаништа и јаглен, кои напредуваа во последниве години.

Акциите во некои од фирмите на Адани скокнаа за повеќе од 1.000 отсто од јуни 2020 година, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за силата на конгломератот во области како што се инфраструктурата и обновливите извори на енергија на кои премиерот Нарендра Моди им даде приоритет за развој.

Акциите на неговиот водечки Адани Ентерпрајс се зголемија за повеќе од 115 отсто оваа година.

Нетото богатство на Безос падна на 145,8 милијарди долари, според Блумберг, бидејќи технолошките акции беа тешко погодени од големата распродажба на акциите во петокот. Акциите на Амазон паднаа за 3 отсто во почетокот на тргувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП