7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПоплави и снег во Хрватска, забележани рекордни врнежи(ВИДЕО)

Поплави и снег во Хрватска, забележани рекордни врнежи(ВИДЕО)

Во Горски Котoар се измерени рекордни дневни количества на врнежи за септември, а апсолутниот дневен рекорд откако се достапни мерењата е забележан во Огулин, соопшти Хрватскиот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ).

Во последните неколку дена големи количества врнежи ги зафатија Горски Котoр, централна Хрватска и западна Славонија, кои на места предизвикаа големи материјални и земјоделски штети, објави порталот Index.hr.

Според податоците на ДХМЗ, во последните 24 часа најголемо количество врнежи е измерено во Националниот парк Ришњак каде наврнале 192 литри дожд на метар квадратен, додека во Огулин таа количина изнесува 122 литри.

Во Огулин поплавени се неколку улици. Во тој град се излеа реката Добра, а поплавен е и државниот пат Д42, па сообраќајот е во прекин и се одвива по заобиколен пат.

„ Поради количеството дожд што наврна и сè уште паѓа на горниот тек на реката Купа, дојде до нагло покачување на нивото на водата и влегување во режим на мерки за одбрана од поплави со тенденција на дополнително зголемување на нивото на водата“, се наведува во соопштението на Хрватски води.

Во меѓувреме низ цела Хрватска температурите значително се намалија, а побеле и планинскиот врв Завижан на Велебит каде падна снег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП