26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција го плаќа рускиот гас во рубљи: Путин му даде важно ветување...

Турција го плаќа рускиот гас во рубљи: Путин му даде важно ветување на Ердоган

Четвртина од рускиот гас што пристигнува во Турција ќе се плаќа во рубли, најави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган на маргините на ШОС.

Москва вети дека ќе ја зголеми испораката на гас за Турција во сите правци.

Рускиот претседател истакна дека Анкара сигурно ги исполнува своите обврски во однос на транзитот на руски гориво.

-Турција стана една од најсигурните рути за снабдување на нашите енергенси, вклучително и гас, не само за сопствени потреби, туку и за земјите од ЕУ. Испораките во Европа „преку Турски тек“ се одвиваат без никакви прекини, рече тој.

Притоа, Путин му се заблагодари на својот колега за придонесот во реализацијата на постигнатите договори за извоз на жито од украинските пристаништа.

– Турција е доверлив партнер во овој поглед и може да обезбеди сигурни испораки преку нејзината територија до сите земји во светот, вклучително и земјите од Азија, Латинска Америка, Африка, бидејќи ние главно продаваме таму, рече Путин за време на средбата.

Тој ја нагласи блиската координација меѓу Русија и Турција за меѓународните прашања. Средбата меѓу двајцата лидери траела 40 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП