19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТГо сакаме најголемиот дијамант на светот назад! Познат политичар ги нападна кралицата...

Го сакаме најголемиот дијамант на светот назад! Познат политичар ги нападна кралицата и нејзиното семејство, народот си го бара богатството!

Повеќе од 6.000 луѓе потпишаа петиција за враќање на најголемиот дијамант во светот, попознат како „Големата ѕвезда на Африка“, кој е дел од жезолот на покојната кралица Елизабета Втора, во Јужноафриканската Република каде што е пронајден во далечната 1905 година!

Најголемиот дијамант во светот, попознат како „Кулинан“, односно „Големата ѕвезда на Африка“, е жезолот на покојната кралица Елизабета Втора. Дијамантот е дел од кралската колекција на скапоцени камења, а повеќе од 6.000 луѓе наводно потпишале петиција за враќање на дијамантот во Јужна Африка, каде што е пронајден.

Некои политичари веруваат дека богатството кое потекнува од нивната земја им користи на другите земји на сметка на Јужноафриканците. Еден од нив е Вујовелт Зунгула, кој за Тајмс изјави дека неговата земја „останува во голема, срамна сиромаштија, со зголемена невработеност и зголемени стапки на криминал поради угнетувањето и уништувањето предизвикано од неа (кралицата) и нејзините предци“.

Овој дијамант кој се наоѓа на жезолот е дел од поголем дијамант кој му бил подарен на кралското семејство откако бил пронајден во 1905 година во рудникот Premier Pine лоциран во градот Кулинани, Јужна Африка. Голем дел од граѓаните на оваа земја сметаат дека дијамантот треба да се врати и да биде во музеј за да може сите да го видат. Во времето кога бил пронајден дијамантот, земјата била под британска власт. Со заминувањето на кралицата Елизабета, народот на Јужноафриканската Република со право се прашува дали е „фер“ дијамантот да остане во сопственост на кралското семејство. Иницијативата за враќање на скапоцениот камен се прошири на сите социјални мрежи, а барањата за враќање на најголемиот скапоцен камен стануваат се поголеми и погласни, велат властите на Јужноафриканската Република.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП