24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДејвид Бекам стоел неколку часа во ред за да и се поклони...

Дејвид Бекам стоел неколку часа во ред за да и се поклони на кралицата

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам се поклони пред ковчегот на кралицата Елизабета во Вестминстер салата откако чекаше во ред неколку часа.

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид изјави за Sky News дека им се придружил на десетици илјади луѓе во редот кон Вестминстер салата за да и оддадат почит на „посебната“ британска кралица.

Смртта на Елизабета Втора предизвика излив на емоции низ целата нација, при што луѓето чекаа со часови, многумина во текот на ноќта, за да му оддадат почит на починатиот монарх, кој почина минатата недела.

Бекам (47) беше забележан со темна капа и костум и вратоврска додека чекаше во ред за да и оддаде почит.

„Овој ден секогаш ќе биде тежок ден“, изјави Бекам за Sky News пред неговиот ред. „Нашите мисли се со семејството – многу е посебно да се слушнат сите приказни од луѓето овде“, додаде тој.

„Најпосебен момент за мене беше добивањето на мојот ОБЕ (Орден на Британското кралство од кралицата кој го доби во 2003 година). Ги зедов моите баба и дедо кои беа големи ројалисти. Имав толку среќа што можев да имам неколку такви моменти во мојот живот блиску до нејзиното височество. Ова е тажен ден, но ден за паметење“, рече тој.

Бекам рече дека се наредил во раните утрински часови за да ја избегне гужвата, но погрешил.

„Мислев дека ќе биде малку потивко во 2 часот по полноќ – згрешив“, изјави тој за ITV News.

Поранешниот фудбалер изјави дека секое пеење на националната химна на натпреварите во Англија било посебно.

„Секогаш кога стоевме таму облечени во дресот „Три лава“, а јас ја имав мојата (капитенска) лента и пеевме God Save Our Queen, тоа беше нешто што ни значеше толку многу“, изјави Бекам за ITV.

Кралицата ќе биде погребана во Виндзор во понеделник. На збогувањето се очекуваат повеќе од 2.000 гости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП