27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската економија нема да се врати на предвоените нивоа пред 2030-та

Руската економија нема да се врати на предвоените нивоа пред 2030-та

Малку е веројатно дека руската економија ќе се врати на предвоените нивоа пред крајот на оваа деценија бидејќи војната во Украина и построгите санкции ги влошуваат долгогодишните економски недостатоци, се вели во извештајот на „Scope Ratings“.

До крајот на 2023-та година, бруто домашниот производ (БДП) на земјата ќе биде околу 8% под тој во 2021-ва година, според прогнозата на кредитната агенција.

Руската економија се прошири за 4,7 отсто во 2021-ва година, покажуваат податоците на Федералната служба за статистика „Росстат“.

По 2023-та година, потенцијалниот раст ќе се намали на 1,0-1,5 отсто годишно од 1,5-2,0 отсто постигнати пред војната, соопшти агенцијата.

„Руската влада, поддржана од Централната банка на Русија, го користи неочекуваниот извоз за да го ублажи непосредното влијание врз домашната економија од војната во Украина и санкциите, но долгорочната перспектива се влошува“, рече аналитичарот на „Scope“, Левон Камерјан.

Забрзувањето на одливот на капитал, ограничениот пристап до западната технологија и негативните демографски трендови ќе продолжат да го погодуваат растот и да ги усложнуваат ефектите од војната и санкциите во отсуство на значително економско преструктуирање, се вели во извештајот.

Околу четири пати повеќе приватен капитал, 64,2 милијарди долари, се одлеа од Русија само во првиот квартал на 2022-ра година во споредба со првиот квартал од минатата година, се тврди исто така во извештајот.

Извештајот на „Scope“ предвидува дека приватниот сектор ќе повлече повеќе капитал од Русија оваа година, во споредба со повлечените 152 милијарди долари во 2014-та година кога Русија го анектираше Крим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП