25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешка ќе преговара со ЕУ за решавање на енергетската криза

Норвешка ќе преговара со ЕУ за решавање на енергетската криза

Норвешка и производителите на гас во земјата се подготвени да преговараат со Европската унија со цел да се реши енергетската криза на континентот.

„Ние не затвораме никакви врати за каков било дијалог или контакт“, изјави премиерот Јонас Гар Сторте за новинарите во Осло.

„Не е во интерес на Норвешка да има вонредни поскапувања на гасот. Подготвени сме да ги слушнеме компаниите и да видиме каква улога можеме да одиграме“, додаде тој.

Норвешка и ЕУ организираа тим за развој на начини за справување со недостигот на гас во Европа. Сторте во четвртокот се состана со менаџери од најголемите нафтени и гасни компании во земјата, вклучувајќи ги „Equinor“, „Aker ASA“ и „Var Energi“.

„Она за што компаниите се најмногу загрижени е ова прашање на долгорочни договори и како добро да се постапи со нив“, коментираше министерот за енергетика Терје Асланд за време на истиот настан.

Ојвинд Ериксен, главен извршен директор на „Aker ASA“, сопственик на „Aker BP“, рече дека компанијата е отворена за склучување долгорочни договори со вистинските договорни страни.

„На денешните нивоа на цените, има преголем ризик за повеќето приватни компании“, коментира Ериксен.

„Значи, делумно е прашање на механизмот на цените, а делумно прашање на тоа како државата и компаниите можат да соработуваат за да ја решат оваа многу, многу сериозна ситуација“, додаде тој.

Говорејќи пред новинарите во средата, главниот финансиски директор на „Equinor“, Улрика Феарн, го повика политичкото раководство да не му врти грб на слободниот пазар засекогаш. Краткорочните активности „ќе имаат ефект на овој пазар и многу, многу е тешко да се процени какви ќе бидат секундарните ефекти“, коментираше таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП