20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЧовекот кој тврди дека е тајното дете на Чарлс и Камила бара...

Човекот кој тврди дека е тајното дете на Чарлс и Камила бара ДНК тест – личи ли на нив?

Сега кога британското кралско семејство е во центарот на вниманието, се јави и тој.

Австралиецот Сајмон Чарлс Доранте-Деј (56) со години се обидува да ја убеди јавноста дека е син на кралот Чарлс III (73) и кралицата Камила (75), а бара и ДНК анализа за да ги потврди неговите тврдења пред сите.

Сајмон е роден на 5 април 1966 година во Хемпшир и живее во Австралија. Кога имал само 18 месеци, бил посвоен од Винифред, која некогаш била вработена кај кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. Таа наводно често му кажувала за нејзините родители, а јасно го откривала нивниот идентитет.

Доранте-Деј ја објави својата приказна за синот на кралот Чарлс и кралицата Камила во 2019 година, а потоа тврдеше дека тој бил зачнат за време на првата афера на кралската двојка, кога Чарлс имал само 17, а Камила 18 години.

Своите тврдења за припадност на кралското семејство тој ги поткрепи со фотографии од помладите денови на кои личи на нив, а сега најавува дека ќе се врати на суд за да направи ДНК тест кој би можел да докаже дали е во крвно сродство со кралот на Велика Британија.

Наводно, за вонбрачното дете на нејзиниот сопруг знаела и покојната принцеза Дајана.

„Верувам дека принцезата Дајана знаеше дека постојам и дека таа ги „сложи коцките“. „Мислам дека наоѓаше се повеќе одговори за нејзиниот живот, за тоа какво зло и е направено и сакаше да излезе во јавноста со тоа пред нејзината смрт“, изјави Сајмон за австралискиот магазин New Idea, цитиран од Вечерњи лист.

Да потсетиме, Чарлс зад себе има пропаднат брак со принцезата Дајана со која беше од 1981 до 1996 година. Во бракот имаа два сина, Вилијам и Хари. Осум години по смртта на принцезата Дајана, Чарлс се ожени со Камила, во која бил вљубен уште на рана возраст. По смртта на кралицата Елизабета II, Чарлс стана крал, Камила негова кралица, а другите членови на семејството добија нови титули.

„Тешко е да не се сфати назначувањето на Вилијам од страна на Чарлс за принц од Велс како нешто друго освен шлаканица. Не сакам да се чувствувам така, но се чувствувам. Најмалку што може да направи Чарлс е да ми одговори и да ме признае. На Вилијам му дава таква титула, па каде е мојата? Каде е мојот ДНК тест? Ако не си ми татко, докажи дека не си. Се чувствувам отфрлено. Чарлс го доби она што го сакаше: го доби тронот, ја доби сопругата, доби сè. Сега е време да го добијам мојот среќен крај“, вели Сајмон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП