23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНово оружје пристигнува во Украина: САД најавија нов голем пакет помош

Ново оружје пристигнува во Украина: САД најавија нов голем пакет помош

Американскиот претседател Џо Бајден најави нов пакет со оружје во вредност од 600 милиони долари што ќе и помогне на украинската армија во борбата против Русија, се наведува во меморандумот од Белата куќа испратен до Стејт департментот.

Бајден ја одобри помошта користејќи ги неговите претседателски овластувања што му дозволуваат да одобри трансфер на вишокот оружје од американските резерви.

Во меморандумот не е наведено како ќе се искористат парите, но неколку извори изјавија за „Ројтерс“ дека се очекува пакетот да содржи муниција, вклучително и повеќе ракетни системи со голема подвижност (HIMARS).

Пакетот ќе содржи и муниција за хаубици (артилериско оружје), според двајца извори кои сакаа да останат анонимни бидејќи не се овластени да зборуваат јавно. Во меморандумот се споменува и дека парите ќе бидат наменети за воено образование и обука.

Вашингтон испрати воена помош во вредност од околу 15,1 милијарди долари на владата во Киев од почетокот на руската инвазија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП