26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШолц: Ќе и помагаме на Украина се додека е потребно

Шолц: Ќе и помагаме на Украина се додека е потребно

Германскиот канцелар Олаф Шолц во четвртокот вети дека Германија ќе и помага на Украина „колку што е потребно“, на церемонијата на која украинскиот боксер Владимир Кличко доби медиумска награда во име на украинскиот народ.

„Помагаме со воена опрема, муниција, обука на украинските војници бидејќи нивната борба е и наша борба“, рече Шолц во Потсдам, каде Кличко ја прими медиумската награда М100 во име на украинскиот народ.

Оклопните возила ќе бидат испорачани во Киев „многу брзо“, но не сега, изјави во четвртокот министерката за одбрана Кристин Ламбрехт, пренесува АФП.

Ламбрехт најави испорака на два нови повеќекратни ракетни фрлачи Mars-II и 200 ракети и 50 теренски возила од типот Динго. Но, засега нема да ги испорачаат борбените тенкови Леопард-2 кои Украина упорно ги бара.

Германија ќе ја одржи оваа поддршка „сигурно и онолку долго колку што е потребно“, тврди Шолц. Ова ќе продолжи да се прави во тесна соработка со европските и меѓународните партнери.

Владимир Кличко, брат на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, се обрати до Европската унија со забелешки пред настанот.

„Денеска ја користам оваа награда како претставник на украинскиот народ кој уште еднаш се обраќа до Европската унија, таканаречениот слободен свет, Германците и германската влада“, рече Кличко во интервју за ДПА.

Важно е „да не го свртат погледот повторно“, рече тој, осврнувајќи се на, како што тврди, недостатокот на последици по руската анексија на Крим во 2014 година.

„Без поддршка од оружје, оваа војна нема да се добие“, рече Кличко.

Медиумската награда М100 беше доделена во Потсдам, во близина на Берлин, на Украинците кои „со херојска храброст, стоичка сила и нескротлива волја… се бранеа од бруталната руска инвазија со месеци“.

Тие не само што ја бранат својата независност, туку и независноста на цела Европа“, велат организаторите.

На конференцијата за војна и медиуми учествуваа околу 60 меѓународни новинари. Шолц беше главен говорник на настанот.

Германската канцеларка истакна дека Русија покрај кампањата против Украина води и информациско-пропагандна војна.

На Виталиј Кличко му беше доделена медиумската награда М100 во 2014 година како претставник на сите демократски движења во Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП