8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ39 милиони долари казна за „Bank of America“ поради полова дискриминација

39 милиони долари казна за „Bank of America“ поради полова дискриминација

bankofamerica1

Гигантот на финасискиот пазар во САД „Bank of America“ се согласи да плати 39 милиони долари за тужбата за полова дискриминација од страна на жена брокер.

Како што пренесува АФП, договорот е постигнат преку адвокатската фирма која ги застапува интересите на жените кои работеле како финансиски советници во корпорациите на „Bank of America Investment Services“ и „Merril Lynch“ од 2007 до 2013 година.

„Bank of America“ е обвинета за дискриминација на жените во однос на големината на платата и перспективите на нивната кариера.

Жените кои работеле во оваа финасиска институција изјавиле дека биде деградирани, омаловажувани и непочитувани. Тие не можеле да напредуваат и никогаш не добиле покачување на платата.

АФП потсетува дека на крајот на август беше објавено дека „Merril Lynch“ платил отштета од 160 милиони за тужба за расна дискриминација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП