2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПутин сака да го потопи родниот град на Зеленски: Ракетирана брана

Путин сака да го потопи родниот град на Зеленски: Ракетирана брана

Во Криви Рог, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, жителите се евакуирани поради оштетување на локалната брана Карачун, што се случи по гранатирање од руска страна. Според украинските власти, браната била цел на осум крстосувачки ракети како одмазда за поразот на руската армија на фронтот од украинските војници.

Според извештаите, руските удари сериозно ја оштетиле браната и блиската пумпна станица, што довело до испуштање на огромна количина вода во реката Ингулец. Нивото на водата пораснала за цели 2,5 метри, што предизвика излевање во некои делови од градот.

Реката, која се излеа во текот на ноќта, оштети најмалку 110 куќи и однесе неколку мостови.

Кирил Тимошенко, заменик-началник на кабинетот на претседателот, рече дека два квартови во градот се во опасност од поплави. Жителите на тие области, вклучително и самиот центар на градот, беа замолени да си заминат.

Гаѓана браната поради мостовите кај Керсон?

Водата се движи низводно кон Керсон, каде што најверојатно ќе ги оштети или однесе понтонските мостови што украинските трупи ги користат за да влезат во градот.

„Руските сили веројатно ја нападнале браната Карачун со цел да ги оштетат украинските понтонски мостови понатаму низводно“, објави Истражувачкиот центар на Институтот за проучување на војната.

Според соопштението, украинските војници се обидуваат да ги прошират мостовите на реката Ингулет во близина на мостот Давидив како дел од тековната контраофанзива во Керсон.

Зеленски: Русите се слабаци кои водат војна против цивилите

Во своето ноќно обраќање, Зеленски се осврна на најновите руски напади, нарекувајќи ги вооружените сили на Путин „слабаци“ и „терористи“.

„Вашите ракетни напади денес, руските ракети го гаѓаат Криви Рог, браната, објекти кои немаат никаква воена вредност. Вие сте слабаци кои водат војна против цивилите, никаквеци кои бегајќи од бојното поле, се обидуваат да нанесат зло од некаде далеку“, рече Зеленски, додавајќи дека украинската армија „се движи само во една насока – напред и кон победа. “

Украинските трупи продолжуваат да се борат во Харковската област каде што ненадејната контраофанзива ги принуди руските сили да се повлечат во правец на Донбас на исток.

Истовремено, дел од украинските сили се обидуваат да направат пробив на југ, во областите Запорожје и Керсон, каде цел биле мостовите кои водат кон градот Херсон на западната страна на реката Днепар. Керсон, како и истоимениот регион, се во руски раце од почетокот на април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП