„По најава пред еден месец за вонредна ревизија на вработувањата кои ги склучил екс-директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје, Златко Перински покажа дека речиси 100 лица се нововработени за неколку месеци“ соопштуваат од Град Скопје.
Оттаму порачуваат дека „Градот Скопје нема да толерира расипничко однесување кое претставува дополнителен товар врз буџетот во услови на економска и енергетска криза. Од тие причини се ревидира оправданоста на новите вработувања во ЈП Водовод и канализација – Скопје“.

