2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонски и јордански бизнисмени иницираат интензивирање на соработката

Македонски и јордански бизнисмени иницираат интензивирање на соработката

makedonija-jordan

Македонија и Јордан имаат многу можности за економска соработка, а веќе денеска бизнисмените од двете земји потпишаа договори за соработка и за основање на Македонско-јордански бизнис совет.

На бизнис форумот организиран во Стопанската комора на Македонија, бизнисмените од двете држави преку директни средби ќе се обидат да најдат заеднички интерес на соработка.

– Јордан претставува порта кон медитеранскиот свет, но и Македонија се наоѓа во срцето на Европа и затоа сматаме дека постојат големи можности за инвестиции. Бидејќи во Македонија веќе има јорданска инвестиција, се надеваме и дека Македонците ќе направат инвестиции во Јордан, изјави Иса Мурад, претседател на Јорданската европска асоцијација.

Со потпишувањето на двата договори, според Мурад, ќе се заштитат бизнисмените од двете држави од двојно одданочување, а воедно ќе се штитат и нивните инвестиции.

Од Стопанската комора на Македонија, денешното потпишување на договорите го гледаат како прв чекор во интензивирање на соработката кој ќе им биде од корист на сите во иднина.

– Јордан го сметам како медијатор во арапските свет кој може понатаму многу да ни помогне во трговијата и во приближувањето на бизнисните на двете земји, истакна Горан Рафајловски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија.

Местоположбата на Јордан или т.н. панмедитеранска зона, смета Рафајловски, може да овозможи бизниси во двата правци и инвестиции кои ќе поттикнат во иднина поголема оработка .

Јорданската делегација која престојува во посета на Македонија е составена од бизнисмени од реномирани јордански компании, членки на Јорданската европска бизнис асоцијација и Стопанската комора на Јордан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП