26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовата обврска во Германија ќе ги погоди сите работници

Новата обврска во Германија ќе ги погоди сите работници

Според одлуката на Сојузниот суд за труд (BAG), во Германија е воведена обврската за евиденција на работното време. Според германскиот закон за работно време, досега требаше да се документира само прекувремената и неделната работа, а не целото работно време.

Одлуката на BAG во моментов е предмет на жестока дебата во коалициската влада „Семафор“ и меѓу експертите за трудово право.

Претседателката на највисокиот германски суд за труд, Инкен Галнер, во вторник во Ерфурт ја оправда обврската на работодавачите систематски да го евидентираат работното време на своите вработени, со толкување на германскиот Закон за здравје и безбедност при работа по пресудата на т.н. Европски суд на правдата (EuGH)

Експертите очекуваат дека основната пресуда на BAG ќе има далекусежни ефекти врз моделите на работно време засновани на доверба, кои се практикувале илјадници пати во бизнисот и администрацијата, сè до мобилната работа и домашната канцеларија.

Со својата клучна одлука, Сојузниот суд за труд иницираше дискусија за промена на германскиот закон за работно време. Федералната влада сè уште работи на пренос на барањето на ЕСП од 2019 година за воведување објективно, доверливо и достапно временско евидентирање во германскиот закон.

Инкен Галне, претседавачкиот судија на Првиот сенат, се повика на дел од Законот за заштита на трудот кој ги обврзува работодавците да воведат систем што може да ги евидентира работните часови од вработените. „Доколку германскиот Закон за здравје и безбедност при работа го толкувате со одредбите на Европскиот суд на правдата, тогаш веќе постои обврска да се евидентира работното време“, рече Галне, пренесува списанието Fenix.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП