18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ќе скратат 130 милиони долари помош за Египет поради тое што...

САД ќе скратат 130 милиони долари помош за Египет поради тое што не ги штитат човековите права

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одлучи да ја скрати воената помош од 130 милиони долари за Египет, поради неуспехот на земјата да ги заштити човековите права, потврдија американските власти.

Властите во Каиро сепак ќе добијат одреден дел од американскиот пакет помош, поради намалувањето на бројот на политички затвореници.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен потврди дека Египет постигнал одреден напредок во однос на политичките слободи со тоа што неодамна ослободи стотици луѓе, пренесува Хина.

Десничарскиот дел од Конгресот и нивните гласачи бараат на африканската земја да и се ускрати сумата од 300 милиони долари што е договорена според условите на американското претставничко тело.

Противниците на помошта за Египет посочуваат на бројни случаи на кршење на човековите права низ целата земја под власта на претседателот Абдел Фатах ел-Сиси, кои вклучуваат тортура и исчезнувања.

Износот што Блинкен одлучи да го задржи е 10 отсто од 1,3 милијарди долари годишно доделени за земјите во североисточна Африка.

Адвокатите во Министерството за надворешни работи тврдат дека 10 проценти е најголемата помош што може да му се одбие на Каиро во 2022 година.

Вашингтон сепак ќе испрати 75 милиони долари во Египет благодарение на позитивниот напредок во однос на намалувањето на бројот на политички затвореници, што годинава е за 500 помалку од ослободените од затвор.

Дополнително, Каиро ќе добие уште 95 милиони долари наменети за борба против тероризмот и зајакнување на безбедноста на границите, со оглед на тоа што помошта во споменатите области не е условена од оценката на состојбата со човековите права.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП