28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗеленски имал сообраќајна несреќа во Киев, не е тешко повреден

Зеленски имал сообраќајна несреќа во Киев, не е тешко повреден

Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше сообраќајна несреќа, но не е „сериозно повреден“, изјави денеска неговиот портпарол, пренесе BBC.

Патничко возило се судрило со претседателското возило и неговата придружба во Киев, се вели во кратката изјава на Сергеј Никифоров.

„Претседателот беше прегледан од лекар, не беа констатирани сериозни повреди“, рече портпаролот.

На лице место му била укажана помош на возачот на автомобилот кој налетал на колоната во која се наоѓало возилото на претседателот, а возило на брза помош го однело.

Никифоров рече дека полицијата врши увид за околностите на сообраќајната несреќа, не наведувајќи детали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП