4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на Зара ги покачи цените, профитот му скокна за 41%. Сега...

Сопственикот на Зара ги покачи цените, профитот му скокна за 41%. Сега повторно најавува поскапувања

Шпанскиот ланец за облека Inditex денеска објави силен раст на профитот и приходите во првата половина од деловната година и најави дека повторно ќе ги зголеми цените оваа есен за да го покрие скокот на оперативните трошоци.

Во шестмесечниот период до крајот на јули приходите на сопственикот на Зара се зголемени за четвртина, на 14,84 милијарди евра.

Нето добивката скокна за 41 отсто, на 1,79 милијарди евра. Оперативните трошоци се зголемени за 20 отсто, само малку пониски од приходите.

Нови поскапувања во втората половина од годинава

Компанијата ги зголеми цените во пролетта и летото, а финансискиот директор Игнасио Фернандез најави нови поскапувања во втората половина од годината.

„Нивото на новитети, квалитет и дизајн на нашите колекции ја поттикнуваат нашата продажба, но секако секогаш размислуваме за стабилна ценовна политика“, рече Фернандез, укажувајќи дека тие би можеле да ги зголемат за пет до шест проценти.

Inditex ги зголеми цените во првата половина од годината за полесно да се справи со инфлацијата, сметајќи на зголемената побарувачка ширум светот бидејќи се укинаа ограничувањата за пандемијата, луѓето се вратијаво канцелариите и продолжуваат со патувањата, забележува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП