3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНово предупредување: Ако зимата е сурова, можни се социјални немири во Европа

Ново предупредување: Ако зимата е сурова, можни се социјални немири во Европа

Суровата зима може да доведе до социјални немири во Европа, каде што војната во Украина веќе доведе до страшни економски последици, поради што се стравува од рецесија.

Ова го изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

Таа рече дека поради актуелната ситуација, Европската централна банка мора внимателно да ја балансира борбата против инфлацијата, имајќи ја предвид „неопходноста од одржување на економијата“, пренесува Индекс.

„Секако дека постои страв од рецесија во одредени земји, а и да не се случи, ќе изгледа како да е пристигната оваа зима“, рече Георгиева.

„Ако мајката природа одлучи дека не сака да соработува, а зимата е сурова, може да дојде до социјални немири“, рече таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП