25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРама: Не треба да се врши притисок врз Србија

Рама: Не треба да се врши притисок врз Србија

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека Србија не треба да биде под натамошен притисок во врска со санкциите против Русија.

Во исто време, тој изрази загриженост за зголеменото влијание на Москва на Западен Балкан.

„Не треба да има понатамошен притисок врз Србија, во однос на санкциите против Русија, бидејќи таа земја не може да опстане без поддршка од Москва. Покрај тоа, не смее да се заборави дека Белград веќе три пати гласаше во ОН против Русија, што е големо изненадување. Тоа покажува дека постои силна волја за интеграција во ЕУ“, изјави Рама во интервју за виенскиот весник „Пресе“.

Тој нагласи дека мора да се направи се за да се оддалечат потенцијалните закани од Балканот. Ова, објаснува тој, се однесува пред сè за Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Република Српска каде, како што рече, Кремљ има „силно влијание“. За пристапните преговори на Албанија со ЕУ, оцени дека тоа нема да биде лесен пат.

Тој ја карактеризира Австрија, поради историските врски, како идеален градител на мостови за Западен Балкан.

Зборувајќи за формирањето на базата на НАТО во Драч, тој објасни дека тоа е поврзано со изградба на модерно и комерцијално пристаниште надвор од градот.

„Ние тесно соработуваме со НАТО за да ја воспоставиме таа база. Таа база на влезот во Јадранот е важна за Албанија, а важна е и за безбедноста на целиот регион. Засега сè уште сме на почетокот на проектот“, рече Рама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП