11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMOL се заканува дека ќе ја тужи Хрватска

MOL се заканува дека ќе ја тужи Хрватска

mol1

Унгарската нафтена компанија „MOL“ неодамна испрати писмо до хрватската влада и Министерството за економија во кое ја предупреди дека од Хрватска ќе бара надомест за штетата.

„MOL“ ќе бара надомест поради тоа што државата не го превзема бизнисот со гас од „Ina“, иако на тоа се обврза во 2009 година.

Како што пренесува агенцијата Франс прес, „MOL“ се заканил дека ќе бара најмалку две милијарди куни отштета, бидејќи смета дека толку загубил поради тоа што владата не го испочитувала договорот за превземање на загубарскиот бизнис со гасот.

Според Франс прес, „MOL“ најверојатно надоместот нема да го бара веднаш, туку по преговрите со хрватската власт за новиот модел на упоравување со „Ina“, или во случај да не биде задоволен од исходот на преговорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП