5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДодека Украинците ги газат Русите на исток, на Путин му остануваат само...

Додека Украинците ги газат Русите на исток, на Путин му остануваат само три опции

Одамна е јасно дека руската инвазија на Украина е далеку од блицкриг – првичната стратегија на рускиот претседател Владимир Путин. Од тој 24 февруари до денес, сеопфатните битки станаа секојдневна појава. Во текот на последните неколку дена, ситуацијата на фронтот оди во корист на Украина и рускиот лидер Владимир Путин се чини дека е заглавен во аголот. Сега на маса се три кризни стратегии.

Стратегија 1: Општа мобилизација

Првата, и најнеповолната од сите, би била доколку Русија, поради зголемениот број човечки загуби, реши да воведе општа мобилизација. Таа одлука би значела дека целото машко население на воена возраст ќе биде обврзано да се приклучи на руската армија. Според последниот попис на населението од 2018 година, во Русија живеат вкупно 68,1 милиони мажи.

Исто така, оваа одлука значително би ја усложнила ситуацијата на фронтот, бидејќи за воведување на општа мобилизација потребно е претходно воведување на воена состојба. Тоа би значело дека Русија повеќе не може да ја нарекува својата инвазија „специјална воена операција“, туку војна во целосна смисла на зборот.

Ваквиот развој на ситуацијата потенцијално би вклучил и други земји во конфликтот, кои досега не учествувале во војната на теренот, но ја поддржувале Украина и ја снабдувале со големи количини оружје. Ако се земе предвид сето она што го донесе оваа војна – егзодусот на Украинците, гасната криза, проблемите со прехранбените производи и инфлацијата, ситуацијата во светот откако Путин се одлучи за оваа стратегија би била повеќе од драматична.

Стратегија 2: Да се задржи окупираното

Најповолна работа за Путин, како што сега стојат работите на терен, но и земајќи ги предвид трошоците од досегашната инвазија и човечките загуби, е војната да заврши, но Русија да добие нешто од тој крај на конфликтот.

Се претпоставува дека во евентуалните преговори Путин би барал Крим, Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, области под руска контрола, целосно да се припојат кон Русија.

Имено, Путин пред неколку дена објави дека на 4 ноември ќе се одржи референдум за анексија на украинските територии контролирани од руските сили.

„Доњецк, Луганск и многу други руски градови конечно повторно ќе го најдат своето родно пристаниште. И рускиот свет денес, поделен со формални граници, повторно ќе го најде својот интегритет“, рече секретарот на Генералниот совет на Единствена Русија, Андреј Турчак.

Колку ова сценарио ќе биде реално и дали Путин ја пренаигра својата игра ќе покаже следниот период.

Стратегија 3: Да си отидат и да остават сè зад себе

Третата, и најболна стратегија за Русија, би била Украина, со помош на воена помош од Запад, целосно да ги порази руските трупи и да ги оштети толку многу што тие се принудени да се повлечат, оставајќи се зад себе.

Донекаде ова се сликите кои кружат низ светот во последните денови, со оглед на тоа што украинската служба за безбедност во понеделникот објави на социјалните мрежи слики од, како што тврди, заробена муниција и испрати јасна порака до спротивставените сили.

„Руските напаѓачи бегаат од украинските војници оставајќи зад себе цел арсенал муниција. И ние секако ќе ги искористиме за нивната намена – против непријателот“, велат Украинците.

Исто така, украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера објави дека Киев обновил околу 6.000 квадратни километри територија, што сугерира дека ова сценарио е многу можно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП