3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешка не знае што да прави со парите

Норвешка не знае што да прави со парите

norveshka3

Европа е во долгови, а Норвешка има вишок пари и не знае каде да ги потроши – во оваа земја платите на работниците се драстично поголеми во споредба со останатите европски земји.

Норвешките економисти размислуваат и се обидуваат да одредат каде да се потроши богатството кое го донесе нафтата, без долгорочни штети на економијата.

Најголемиот норвешки предизвик лежи во фактот дека богаството од нафтата е толку големо што постои опасност бескорисно да се потроши на проекти кои не се исплатливи.

Од крајот на деведесетите години, Норвешка одговорно ги инвестираше приходите од нафтата во фонд кој, на долг рок, би требало да го обезбеди финансирањето на државата.

Фондот најчесто вложува во акции, обврзници и недвижнини, а за да се избегне „прегревање“, парите воглавно се пласирани надвор од Норвешка.

На тој начин, Норвешка стана најголем државен фонд на светот – 816 милијарди долари, односно 1,25 проценти од пазарната капитализација на секое регистирирано претпријатие во светот, наведуваат агенциите.

За да се обезбеди понатамошен раст на фондот, владата не смее да повлекува повеќе од 4 проценти годишно – проектиран годишен профит на фондот – за да го урамнотежи буџетот, кој во спротивно би бил во минус.

Во Норвешка речиси и да нема невработени, а процутот на нафтената индустрија доведе до драстичен раст на платите на вработените во тој сектор.

Сега, платите во Норвешка се за 70 проценти поголеми во споредба со платите во останатите земји во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП