26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите бесни на Путин: Покренаа петиција, бараат негова оставка

Русите бесни на Путин: Покренаа петиција, бараат негова оставка

Десетици општински службеници од Москва и Санкт Петербург го повикаа рускиот претседател Владимир Путин да поднесе оставка во отворено писмо објавено во понеделникот.

Повикот до рускиот претседател да поднесе оставка доаѓа во време на наводите за местење на гласовите на локалните и регионалните избори овој викенд, како и огромниот напредок на силите на Киев, што е најголемиот чекор досега во инвазијата на Москва врз Украина.

Потписниците на писмото, исто така, се изложија на ризик да бидат казнети според законите усвоени набргу по инвазијата на Русија врз Украина со кои се забранува речиси секое антивоено несогласување, пишува Москва тајмс.

„Постапките на претседателот Путин се штетни за иднината на Русија и нејзините граѓани“, се вели во петицијата што на Твитер ја сподели Ксенија Торстрем, заменик на округот Семјоновски во Санкт Петербург.

„Бараме оставка од Владимир Путин како претседател на Руската Федерација“, се вели во соопштението, кое првично го потпишаа 19 официјални лица.

Пристигнаа уште 84 потписи кои треба да се проверат, напиша Торстрем.

Независната организација за следење на изборите Голос, објави десетици случаи на полнење гласачки ливчиња, заплашување, купување гласови и погрешно прикажување гласови, откако кандидатите на Кремљ постигнаа добри резултати на локалните и регионалните избори во Русија.

Во меѓувреме, украинската контраофанзива во североисточниот регион Харков, доведе до тоа силите на Киев повторно да заземат околу 3.000 квадратни километри земја што претходно ја држеше Москва.

Повиците на локалните власти за Путин да поднесе оставка првично се појавија минатата недела откако Дмитриј Паљуга, пратеник од областа Смолнинское во Санкт Петербург, ја повика Државната Дума да му суди на претседателот под обвинение за предавство поради неговата инвазија на Украина.

Паљуга бил повикан во полициска станица поради можни обвиненија за „дискредитација“ на руската војска, но подоцна бил ослободен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП