27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗнаете ли кој му е идол на Марк Цукерберг? Не е Стив...

Знаете ли кој му е идол на Марк Цукерберг? Не е Стив Џобс…

markcukerberg

Стив Џобс во последниве години е идол на многу кои работат или сакаат да работат во технолошкиот сектор, што дури стана и модерно.

Меѓутоа, покојниот Џобс изгледа не му е идол на основачот на Фејсбук – Марк Цукерберг. „Додека растев, Бил Гејтс беше мојот херој“, изјави Цукерберг во средата на конференцијата TechCrunch Disrupt, како што пишува Бизнис Инсајдер.

„Microsoft имаше одлична мисија – да постави компјутер на секоја маса во секој дом“, рече Цукерберг, велејќи меѓу другото дека Гејтс еден од најголемите визионери кој го имала технолошката индустрија досега, и дека Microsoft е „неверојатно инспиративна компанија“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП