27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru на саемот во Франкфурт ги претстави своите нови миленици

Subaru на саемот во Франкфурт ги претстави своите нови миленици

sub1

„Subaru“ на 65-тиот меѓународен саем за автомобили во Франкфурт претстави два нови автомобили, „Subaru Viziv“ и „Subaru WRX“.

„Subaru Viziv“ кој дебатираше во март во Женева претставува коцепт кој ја опишува идната генерација на „Subaru“. Овој модел го прикажува правецот во кој ќе се движи компанијата во иднина. Тоа е автомобил со елегантен спортски изглед и висока ефикасност.

sub2

Погонскиот систем од типот плаг-ин хибрид гo комбинира 2.0-литарскиот дизел боксер мотор и два независни електрични мотора што се сместени одзади. Дизел агрегатот моќноста ја пренесува на предната осовина, а електромоторите ги придвижуваат задните тркала.

sub3

„Subaru WRX“ кој прв пат беше прикажан на саемот за автомобили во Њујорк во април 2013 година, во Франкфурт ја доживеа својата европска премиера. Овој концепт претставува дизајнерски израз за идните спортски икони на „Subaru“.

sub4

Иако има силуета на купе, во прашање е автомобил со четири врати, долг 4.521 милиметри, широк 1.889 милиметри и висок 1.389 милиметри. Идниот „WRX“ под хаубата треба да има четирицилиндричен 2.0-литарски турбо-полнет боксер мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП