Украинците од рано утрото го гранатираат Доњецк. Според првите неофицијални информации има жртви.
Руските сили се прегрупираа од Балаклија и Изум до Доњецк. Балаклија е целосно под контрола на украинските сили, тврди Киев.
Ситуацијата околу нуклеарната централа во Запорожје не се смирува. За ова Зеленски телефонски разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон и во таа прилика рече дека е неопходно да се демилитаризира електраната која е под контрола на руските сили.
Од друга страна, претставникот на проруската администрација на Запорожската област Владимир Рогов изјави дека Киев го прекинал снабдувањето со електрична енергија на територијата на Украина од нуклеарната централа Запорожје.
Тој додаде дека териториите на регионите Запорожје и Керсон под руска контрола „нормално добиваат струја“.