27 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИОКТА донираше нова компјутерска опрема вредна 10.000 евра во новото училиште во...

ОКТА донираше нова компјутерска опрема вредна 10.000 евра во новото училиште во општина Илинден

okta

Компанијата ОКТА донираше 18 нови персонални компјутери и еден сервер со кои ќе се опреми Кабинетот по информатика во новото Модуларното училиште во Илинден. Оваа донација на најмодерна технолошка опрема, вредна повеќе од 10 000 евра, ќе им овозможи на децата кои ќе учат тука подобри наставни услови  за стекнување на нови знаења и вештини.

Почнувајќи од оваа учебна година, децата од Илинден ќе имаат можност средното образование да го изучуваат во својата општина. Новото училиште работејќи во две смени има капацитет за едукација на вкупно 720 ученици, од основно и средно образование.

 “ОКТА верува дека образованието е пресуден период во животот на децата, па затоа уште еднаш ја покажува грижата кон нив преку донирање на најсовремена компјутерска опрема во новото училиште во Илинден. Компанијата се реши за оваа донација бидејќи ја препознава важноста и влијанието на модерната технологија во образовниот процес. Ова е наш придонес во напорите на училиштето да создаде млади талентирани луѓе и да ги подготви за предизвиците кои ги носи животот ˮ изјави г.Виктор Папаконстантиноу, главен извршен директор на ОКТА.

Како една од најголемите компании во Југоисточна Европа, ОКТА и понатаму продолжува да ја докажува својата општествена одговорност. Покрај денешната донација, компанијата веќе донираше училишна опрема и мебел за новото училиште во Илинден. ОКТА ќе остане посветена на поддршката кон заедницата, со посебен акцент на прашањата од образованието, здравјето и животната средина.

okta2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП