2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина очекува репарации од Русија не помалку од 300 милијарди долари

Украина очекува репарации од Русија не помалку од 300 милијарди долари

Украина поради војната очекува репарации од Русија не помалку од 300 милијарди долари, изјави украинскиот министер за правда Денис Маљуска за германската медиумска групација „Funke“.

„Сакаме да добиеме компензација за целата штета што Русија и ја нанесе на Украина со нејзината агресивна војна“, посочи тој.

Киев ќе побара од Генералното собрание на ОН да усвои резолуција врз основа на која ќе се подготви механизам за исплата на воени репарации.

Во реалноста, штетата на инфраструктурата од воените дејствија во Украина може да се покаже многу поголема, забележува „Handelsblatt“. Сепак, сумата одговара на големината на замрзнатите резерви на Руската централна банка во земјите од Г7. Маљушка, исто така, коментира дека Украина ќе побара како компензација да ги добие замрзнатите средства на државните компании и руските олигарси.

Претходно вчера стана јасно дека еден од руските олигарси Михаил Фридман и понудил дел од своето богатство на Украина – милијарда долари во замена за укинување на личните санкции против него.

Украина не може да се потпре на суд кој ќе досуди репарации поради војната, забележува украинската новинска агенција „УНИАН“. Таа се повикува на коментарот на заменик-министерот за правда Ирина Мудраја, која потсетува дека Русија го напуштила Советот на Европа и не ги признава одлуките на Европскиот суд за човекови права донесени по 15-ти март 2022-ра година.

Во меѓувреме, стана јасно дека бруто домашниот производ на Украина ќе се намали за нешто повеќе од 37 отсто во вториот квартал од 2022-ра година. Во однос на првиот квартал, намалувањето е 19 отсто. Според прогнозите на Министерството за економија, БДП-то на Украина ќе се намали за меѓу 35 и 40% во оваа година поради војната. Делумно зголемување се очекува во 2023-та и 2024-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП